Која била музата на Џони Штулиќ заради која се создадени неколку одлични нумери?

Девојката из Хрваца, за која пееше Џони Штулиќ се вика Снежана Бановиќ. Таа е музата за стиховите кои Џони ги срочи.

Љубовната врска Снежана и Бранимир ја почнале кога таа имала осумнаесет години, а тој дваесет и осум. Џони и не бил баш најпосакуваниот зет во семејството Бановиќ, односно родителите на Снежана не го засмилувале така доживотниот соптаник на нивното дете. И покрај напорите да ја прекинат нивната врска, не успеале во тоа.

На Снежана посветени и се едни од најубавите нумери на вокалноинструменталниот состав „Азра“: „Zivot obichnog tepmra“, „Jesi li sama vecheras“, „Volim te kad prichash“, „Usne vrele visjnje“…

Судбината само малку да беше поинаква Снежана и Џони веројатно и ден денес ќе беа заедно, бидејки во 1983 година кога Бранимир Штулиќ „ги спакува куферите“ за пат кон Холандија со него требала да дојде и Снежана. Тогаш биле три години во врска и пред брак, дури и имале датум договорено за нивната венчавка. Мајката на Џони ја молела Снежана да тргне со него кон Холандија бидејќи сам – без неа во Холандија ќе пропадне.

Непосредно пред тргнувањето за Холандија, Снежана сфатила дека целата таа „аванатура“ за неа е неприфатлива и се повлекла од целата таа приказна.

Денес, Снежана Бановиќ е познат театарски режисер, доктор на науки и професор по продукција на Академијата за драмски уметноски (АДУ) во Загреб.

Во една прилика, зборувајќи за животот со Џони признала дека се’ уште урамен го чува ракописот од нумерата „Volim te kad prichash“ и дека тоа е се’ што останало од нив двајцата;

– Кон крајот на осумдесеттите години, кога веќе не бевме во добри односи, кога ја чув нумерата, односно препевот на англиски јазик „Are you lonesome tonight“, всушност „Jesi li sama vecheras“ е точен опис на неколку наши заеднички случки од времето кога бевме заедно. Таа нумера ми е најдрага.

Добро Утро Скопје.

Фејсбук статус на Војо Љ. Цветановски

- Реклама -