Неодамна спроведено истражување открива бројни занимливости за изневерувањето.
Доколку им веруваме на овие показатели, не е на одмет да бидеме запознаени со нив.
Кој, зошто и кога најчесто изневерува?
Најчесто изневеруваат:
– нарцисоидните лица.
– личности чии што родители изневерувале.
– мажите со големи тестиси.
– лицата кои се сомневаат во верноста на својот партнер.
– лицата кои глумат оргазам.
– мажите со длабок глас.
– жените чии што партнери имаат големи пениси.
Жените воглавно сметаат дека е полошо емоционалното неверство, додека мажите за најголем грев го сметаат сексуалното.
Поголем дел од жените страсните бакнежи ги сметаат за неверство, додека истото мислење го делат 75 проценти од мажите.
Повеќе од 6 проценти од жените веруваат дека флертот и кокетните допишувања се еквивалент на изневерувањето, додека истото тоа го мислат дури 51 процент од мажите.
68 % од неверствата се случуваат на работното место, а неверниците во просек трошат 1,17 часа дневно за таа цел.
Неверството воглавно се случува во попладневните часови, а најпопуларен ден за љубовни авантури е среда.
Причини за неверство:
35 % од жените кои се во брак и имаат деца изневеруваат во најголем дел за да го зачинат животот.
56 % од мажите кои биле неверни оцениле дека се наоѓаат во среќен брак.
Најчести причини поради кои што жените изневеруваат се привлечноста кон друга личност (44%), и за сами на себе да си докажат дека и понатаму се посакувани.
Најчести причини поради кои што мажите изневеруваат се желбата за повеќе секс од вообичаениот „распоред“ (48%) и желбата за поинакво сексуално искуство. (47%).
Луѓето кои и самите изневеруваат, се подготвени да му простат неверство на својот партнер.