Кој треба да работи маркетинг на социјални медиуми?

Речиси секоја социјална мрежа вклучува и рекламирање. Ова особено се однесува на Facebook,Twitter и LinkedIn.

Употребата на таргетирани реклами на Facebook, во комбинација со можноста трговците да ги објават базите на податоци за нивните клиенти, преку употребата на Custom и Lookalike Audiences, укажува на намерата на Facebook да го направи рекламирањето интегрален дел од платформата.

Tailored Audiences на Twitter, кој што промовираат релевантна содржина на корисниците што покажале интересирање, укажува на сличен приоритет и кај оваа платформа.

Она што е интересно е тоа што компаниите се повеќе го користат овој вид на рекламирање, изнајмувајќи маркетинг агенција која ќе го уредува нивниот профил на социјалните мрежи, редовно ќе ажурира нови содржини, ќе го подобрува квалитетот на нивната промоција, и пред сè ќе го прошири името, создавајќи го имиџот на компанијата која што се рекламира и привлекувајќи клиенти за целите на нивниот бизнис.

Според бројни маркетинг експерти, овој вид на рекламирање бележи подем и се покажува како доста функционален, со оглед на тоа што нашите животи сè повеќе се движат токму на овие социјални медиуми.

Сепак, ќе се осврнеме кон профилот на вработените во една ваква дејност.

Одговорот ни го даде страната „We are social“, каде што беше поставено токму прашањето – Кој треба да работи маркетинг на социјални медиуми?

Постојано сум на Twitter и Facebook, имам многу пријатели… Дали сум јас совршен да работам маркетинг на социјални медиуми?

„Не, не си. За работа на социјалните медиуми потребни се луѓе кои знаат како се раководи со маркетинг кампања но она што се бара дополнително е искуството и способноста да се биде мултидимензионален. Околу 80% од луѓето кои работат со нас се блогери во своето слободно време, тоа се луѓе со страст за фудбал, реални шоуа или политика. Тие се интересни за разговор, а тоа е токму она на што се базира на голем дел од нашите односи со клиентите“.

Текстот е објавен во соработка со VIA Marketing, маркетинг агенција која активно се занимава со овој современ тип на рекламирање и интернет кампањи.

- Реклама -