Кој сум јас? – момчето го праша старецот.
Ти си тоа што мислиш дека си! – одговори старецот – Ќе ти раскажам една приказна за да ме разбереш поубаво!
Еден ден, покрај градските ѕидини, во сенките од самракот, можеа да се приметат две силуети во прегратка.
Тоа се тато и мама – ќе помисли невиното дете.
Тие се швалери – ќе помисли човекот со валкана фантазија.
Тие се двајца пријатели кои не се виделе одамна – ќе помисли човекот кој живее сам.
Тоа се двајца трговци кои само што склопиле добар бизнис – ќе помисли човекот кој е алчен за пари!
Тоа е таткото кој го гушка синот, кој се вратил од војна – ќе помисли жена со нежна душа.
Тоа е ќерката која го гушка својот татко, кој се вратил од пат – ќе помисли човек кој ја изгубил ќерката.
Тоа е заљубен пар – ќе помисли девојка која сонува за љубов.
Тоа се двајца непријатели кои се борат до смрт – ќе помисли убиецот.
Кој знае зошто се гушкаат – ќе помисли човек без фантазија.
Колку е убаво да видиш како луѓето се гушкаат – ќе помисли племенит човек.
Секој може да помисли се – заклучил старецот – но зависно од што човек е, тоа и ќе го помисли.
Нурни се во твоите мисли, тие најмногу ќе ти кажат кој си!