Интервју од 2003 година кое е објавено на BBC, а неодамна излезе на виделина го открива идентитетот на славниот уметник кој со години се криеше од јавноста. Во меѓувреме , против ,,Бенкси’’ е поднесена тужба која претставува закана целосно да се открие неговото име.
Неодамна е пронајдено интервју со уличниот уметник Бенкси, во кое тој го открива своето вистинско име . Видеото од 2003 година е интервју со репортер на Би-Би-Си кој прашува дали вистинското име на Бенкси е „Роберт Бенкс“, на што уметникот одговара „Роби’’.
Одамна се шират шпекулации за вистинскиот идентитет на уличниот уметник, чии дела чинат десетици милиони и се појавуваат на ѕидовите на куќите, во престижните уметнички галерии, па дури и на Западниот Брег.
Постоеа многу шпекулации и сомежи за тоа кој стои зад ликот на ,,Бенкси’’ . Роберт Дел Наја од музичката група Massive Attack, Нил Бјукенан од Art Attack, па дури и советникот на градот Пембрук-Док , Били Ганон кој дури поднесе и оставка од својата функција во 2022 година обвинувајќи ги шпекулациите за неговата неспособност да ги извршува своите должности.
Неодамна откриеното интервју веројатно нема да го промени верувањето на луѓето дека Бенкси е Ганингем. Ова можеби е и едно од првите радио интервјуа со уличниот уметник, кој во тоа време имал 20-тина години и се подготвувал да го започне шоуто на Бенкси „Turf War“ во источен Лондон. Помеѓу различните теми на разговор, тој се осврнува на обвинувањата за вандализам, наведувајќи:
„Не сум тука да се извинувам за тоа. Тоа е побрз начин да ја искажеш својата поента, нели?“ Потоа додава: „Излезете! Фрлете ги работите! Забавувајте се! Другите луѓе, тие можат да го променат тоа.
Извор: hollywoodreporter.com