Кој сака да стапи во брак со американски граѓанин?

svadba_vnatrepПродуцентска компанија од Лос Ангелес подготвува нова “риалити” игра кој ќе биде наречена "Кој сака да стапи во брак со американски граѓанин" чија цел е да создава телевизиски бракови помеѓу граѓаните на САД со легален статус и имигрантите со привремена виза.


svadba_vnatreПродуцентска компанија од Лос Ангелес подготвува нова “риалити” игра кој ќе биде наречена "Кој сака да стапи во брак со американски граѓанин" чија цел е да создава телевизиски бракови помеѓу граѓаните на САД со легален статус и имигрантите со привремена виза.

Луѓето од "Моруса Медиа" – продуцентската куќа којa го подготви шоуто веруваат дека на овој начин ќе биде создаден успешен спој помеѓу интересот за риалити ТВ во Америка и поефикасното решавање на статусот на илјадниците нелегални имигранти. Сепак, продуцентите не ветуваат дека секогаш на крај ќе дојде до брак или до регулирање на имиграциониот статус.

Играта ќе се состои во тоа што американскиот граѓанин низ низа прашања ќе одлучи кој од имигрантите -кандидати најмногу ќе му/и одговара за понатамошен заеднички живот, сценарио позајмено од мега-популарното шоу од 60-тите "Тhe Dating Game".

Засега најмногу кандидати за емисијата има во редовите на илегалните имигранти од Филипини и Латинска Америка.

Иако нема гаранции дека секоја епизода ќе заврши со брак, оние учесници кои ќе се одлучат на тоа  ќе добијат платени трошоци за свадба и меден месец.

- Реклама -