Оние кои „згрешиле“ знаат како е па имаат и повеќе разбирање спрема оние кои го направиле истото.
Дали оние кои изневеруваат се потолерантни кон извршувањето прељуба? Најновите истражувања даваат потврден одговор на тоа прашање! Неверниот партнер е со поголема веројатност дека ќе прости прељуба отколку оние кои никогаш не заскитале од „правиот пат“.
Студијата чии резултати беа објавени во списанието Journal of Sexuality and Culture, сакале да видат какви ставови имаат кон неверството во однос на полот и евентуално прељубничко искуство. Се покажало дека прељубниците имаат поголема толеранција кон неверството, што и не е толку неочекувано.
Истражувањето открило дека половите се чуваат меѓусебно. „Мажите кои имаат искуство со неверство имале големо разбирање за други мажи кои исто така извршиле прељуба, а еднакво било и однесувањето и кон жените. Сите испитаници се свесни дека прељубата е погрешна работа, но ако и самите имаат измамено тогаш можат да ги разберат и оние кои го направиле истото“, напишале авторите на истажувањето Desiree I. Sharpe, Andrew S. Walters и Matt J. Goren.