За јубилејната забава во Лондон, по повод 60-тиот роденден на магазинот Плејбој, се забавуваше и син му на Хју Хефнер, 22 годишниот Купер.
Главна ѕвезда секако беше атрактивната Кејт Мос, која се појави на насловната страна на 60-тиот број, а Хефнер јуниот уживал забавувајќи се со неа и позирајќи со зајачиците.
Купер има дипломирано на филмска продукција и историја, а вели дека приоритет му е да ја совлада умешноста за водење на империјата на татко му.
„Сакам да ја продолжам работата на татко ми, а сметам дека на Плејбој треба да му ја вратиме старата слава”, кажа Купер, синот на Хефнер и Кимберли Конрад (51), главната Плејбој зајачица од 1989 година.
Купер има и брат, Марстон (23), полубрат, Дејвид (58) и полусестра, Кристина (61), децата на Хефнер од бракот со Милдред Вилијамс.