Тоа е прашањето што го поставува бугарскиот „Днес.бг“ откако македонски иселеници во Австралија протестираа пред македонскиот конзулат во Мелбурн против Преспанскиот договор и промената на името на државата и притоа ги запалија бугарското и грчкото знаме, заедно со макети на премиерот Зоран Заев и вицепремиерката Радмила Шекеринска.
Како што пренесува „Днес.бг“, австралиските власти ќе бидат повикани да преземат мерки за сторителите да понесат одговорност за палењето на бугарското знаме. Привремениот амбасадор на Бугарија во Австралија – Петар Николаев, распределен од вицепремиерката Екатерина Захариева, побарал средба во Министерството за надворешни работи и трговија, а ќе испрати и молба до органите на редот да се спротивстават на идни обиди за уништување на државни симболи, пренесува порталот.