Класично сценарио во реклама за шампон: Убава девојка шета по улица, косата и се вее на ветрот и е полна со волумен, а надвор на дрвата не мрда ни ливче. Очигледно, не се работи за ветер, а ни за вентилатор. Па тогаш?
Тука стапуваат на сцена „Луѓето во зелено“ или како што се познати во маркетинг круговите – Greenscreen Flufferrs ака. Мафтачите од зелениот екран. Концептот е познат, во пост-продукцијата зелениот екран станува компјутерско-генерирано сценарио, исто како што тоа е случај и во филмот Супермен, временската прогноза и еден куп други ТВ програми.
Вака тоа изгледа зад објективите: