Имајќи во предвид дека до пред 15 години, имавме можност да следиме 3 до 5 телевизиски канали, а денес можеби и 100! (што не е некоја завидна борјка), можеме да заклучиме дека денешната понуда е навистина разновидна.
Имајќи во предвид дека до пред 15 години, имавме можност да следиме 3 до 5 телевизиски канали, а денес можеби и 100! (што не е некоја завидна борјка), можеме да заклучиме дека денешната понуда е навистина разновидна.
Кога би ви кажале дека скоро се она што го гледате на телевизија, а не е македонска продукција, го поседуваат 6 големи компании, можеби и нема да звучи толку разнолико.
General Electric
Е третата најголема компанија во светот со капитал од 370 милијарди долари и годишна заработка од 173 милијарди долари. General Electric се присутни скоро секаде. Од авионската, па се до медицинската индустрија.
Нивниот медиумски оддел го сочинуваат телевизиските мрежи NBC И Telemundo, 27 телевизиски канали и неколку кабелски телевизии, како и интернет-телевизискиот канал Hulu.
Time Warner
Односно неговиот сопственик Ted Turner годишно “врти“ 50 милијарди долари, што е еднакво на бруто домашниот производ на Луксембург.
The Walt Disney Company
Кога браќата Walt и Roy Disney го основаа нивното студио во 1923 година, немале тоа, после 80 години, да стане едно од најголемите имиња во светот на медиумите.
News Corporation
На чело на овој “медиумски ѕвер“ e Rupert Murdoch, еден од најбогатите луѓе во светот. неговата империја, меѓу другите, ја сочинуваат Fox каналите, Asia Star TV Network и National Geographic Channel.
CBS
Е скратеница од Columbia Broadcasting System). Оваа мрежа својата моќ ја темели на квалитетот на програмата што ја емитува, посебно последниве неколку години, со што гордо сто на врвот во САД според рејтингот на гледачите.
Viacom (Video and Audio Communication)
И со право го носи тоа име. Доволно е да се каже дека сопственик на MTV, VH1, CMT и Comedy Central, станици кои што се лидери во своите категории.
CBS и Viacom, иако делуваат како две различни корпорации, сепак најголемиот дел од нив двете е во рацете на еден човек, Sumner Redstone.