Кој е виновен за глобалниот тренд на отстранување на срамните влакна?

Иако за ова не се доделува Еми, дерматолозите тврдат дека Кери Бредшо и пријателките го покренале глобалниот тренд за отстранување на срамните влакна, па срамните вошки по милиони години се во изумирање.

„Сексот и градот“ го изостри женскиот осет за мода и прослави еден стил на живот, но популарната серија има уште еден неочекуван резултат – му помогна на светот да се ослободи од срамните вошки.

Здравствената светска статистика бележи пад на бројот на случаи со срамни вошки, а тоа се објаснува со пораст на популарноста на бразилската депилација.

[youtube]http://youtu.be/jm8lWi5X73U[/youtube]

Докторите од Британското здружение на дерматолози веруваат дека падот на појавата на срамни вошки се поврзува со емитување на епизода од „Сексот и градот“ во 2000 година која го поттикнала трендот на депилирање. Епизодата ги прикажува главните хероини Кери, Миранда, Шарлот и Саманта како се одлучуваат на целосна депилација со восок.

[youtube]http://youtu.be/kmBBmLVbC_g[/youtube]

Срамните вошки еволуирале од нивните предци, вошките на горилите, пред 3,3,милиони години и се прилагодиле на живот во човечкото тело со слична густина на влакна како горилата.

И сега, по толку милиони години „Сексот и градот“ го реши проблемот со вошките.

Британската студија покажала четирикратно зголемување на појавата на срамни вошки, од 0.8 % во 1954 година на 3.2 % во 1964 година, што веројатно било резултат на зголемената сексуална слобода. Меѓутоа од 1997 година до 2003 година стапката се намалила од 0.41 на 0.17 %.

- Реклама -