Пекар од мало шпанско село засекогаш ја промени светската историја на лебот. Тој го создаде најскапиот леб во светот, чиј што рецепт содржи вистинско јадливо злато.
Хуан Мануел Морено живее во Алгатосин, во шпанската област Малага. Тој прави леб од здравствени состојки во кој нема ништо вештачко, освен … златен полен.
Лебот, чиј што вкус е сосема обичен, се продава во супермаркети во Малага.
400 грама од него чинат 117 евра. Освен со најскапиот леб, Морено се занимава и со мала семејна пекарница.
Таа е основана во 1940 година во Алгатосин и произведува традиционален леб.