Кој е најбогатиот Балканец?

Сопственикот на хрватската компанија Агрокор, Ивица Тодориќ е најбогатиот човек на Блаканот, според листата на магазинот „Форбс“.

Неговото богатство се проценува на неверојатни 581,8 милиони евра.

Второто место му припаѓа на словенечкиот милионер Санди Чешко од Студио Модерна Словенија. Тој „тежи“ 410, 6 милиони евра, а додека пак, третото место го зазема Србинот Миодраг Костиќ сопственик на МК Груп чие богатство се проценува на 234 милиони евра.

Санди Чешко

sandi-cesko-1

На четврто место се наоѓа Емил Тедески, со 145, 4 милиони евра, сопственик на Атлантик груп.

- Реклама -