Фејсбук статус на проф. Љубомир Цуцуловски
ШТО ОСТАНА? Никогаш не сум ги обвинувал дрските кpaдци или светските xoxштплери, ако домаќините, и покрај сите предупредувања, се однесувале лекоумно и безгрижно. Исто така, не сум можел да ги прифатам објаснувањата, според кои вината не е кај наивните и прелажани домаќини, туку дека е кај дрските xoxштаплери, бидејќи домаќините (кои и да се) должни се да не бидат наивни, ниту да бидат прелажани или инфантилно оптимистички настроени. Уште помалку би трабело да бидат лакоми, суетни и продадени.
На крајот од денот (нечија омилена фраза) домаќините ни со прст во устата не останаа, бидејќи и тој им беше одземен, а устата затворена. Единственото нешто што им остана може да се види на приложената фотографија.
До некое недогледно догледно време: „Добра ноќ, пријатели. И, нормално, многу среќа!“