Кои уреди ги користат познатите?

Во светот на технологијата, во 21-от век, кога сме преплавени од секакви нови модерни техно гаџети, со какви ли не функции, неизбежно е да не сакаме да поседуваме и ние самите по еден таков.

Дали тоа ќе биде паметен телефон, таблет, слушалки или фотоапарат, не е важно, најважно е да сме во чекор со модата. А и се разбира, да врши работа, што ги прави уште понезаменливи. Доаѓа прашањето можеме ли да си го дозволиме сето ова? Ако не ние, тогаш барем познатите располагаат со средствата за да ги задоволат каприците со најновите технологии. Папараците ги фаќаат како се шетаат со нив по улиците, во секојдневниот живот, надвор од сцената или подиумот. Еве со што можат да се пофалат некои актери, рапери и пејачи.

Лил Вејн, како претставник на Холивудската музички еснаф, е љубител на слушалките со марка „Beats by Dr.Dre” и тоа не какви да е, туку доста гламурозни, со  дијаманти. Ако и вие како него сакате,  да ви ги забележуваат од далеку, треба да ги имате овие:

1

Освен него, слушалките уживаат почит кај други познати личности како што се самиот Dr.Dre, Will.i.am, Еминем, Гвен Стефани, како и американскиот фудбалер Чад Џонсон.

2

Дре очигледно особено добро го познава вкусот на своите обожаватели и умее да создава модели својствени само на една вистинска и нескромна ѕвезда.

Зборувајќи за технологија, не може да не се спомене брендот Apple и сите производи кои ги нуди. Масовно е распространет во овие средини и е секогаш во мода, а познатите нема како да си дозволат да останат надвор од трендовите. Ријана никогаш не го испушта од поглед својот iPhone. Постојано прави фотографии со своите фанови и ги качува потоа на Instagram. Пејачката е толку опседната со својата технологија што за секоја нејзино облека има одреденапаратот кој се комбинира со нејзината облека.

Треба да се наведе и фактот дека масовно холивудските ѕвезди се потпираат на овој бренд и се прикажуваат во општеството како предани клиенти , а и селфињата, на кои   „јаболкото” се гледа е доволен доказ. Други iPhone обожаватели се Кели Озборн, Парис Хилтон, Џеј-Зи, Мајли Сајрус и уште најмалку 80% од имињата на Булеварот на славните. Веројатно тоа се претвора во една од работите кои треба да ги поседува една ѕвезда за да може гордо да чекори по црвениот тепих.

Celebrities At The Los Angeles Clippers Game
Како еден чуден, но можеби удобен додаток на iPhone се огромните ретро слушалки со кои одговараш на повикот. Компанијата ги создаде во многу бои и форми. Еве кои од ѕвездите кои не се воздржаа да имаат една или неколку такви.

4

Следниот производ е iPad кој е потребен непосредно по телефонот. Ако треба да ја следиме модата, која се носи меѓу богатите и славните, треба да ги имаме задолжително и двете работи со брендот Apple. Со него исто така може да се пеават селфиња, освен тоа, кога ќе го фатите под мишка, изгледа многу попрофесионално, како сите важни средби се означени на него. Од друга страна кој пејач уште пишува текстовите на песните на хартија, а веќе има таблети! Еве некои од холивудските миленици затрупани во чекор со iPad.

5

Кога станува збор за одмор, можеби една од првите работи кои ни доаѓаат на памет е да си пуштиме музика. Природно и познатите бараат време за релаксација, додека шетаат, спортуваат или едноставно се исклучуваат од светот околу нив. Еве какви гаџети, користат за да го сторат тоа. Во  најчест случај тоа е iPod, се разбира!

6

Очигледно, во така бурните секојдневија, ѕвездите наоѓаат време да се почестат со различни бенефиции. А и како што видовме до тука, тие ни покажуваат дека не само за облеката и надворешниот изглед се во чекор со модата, но и во однос на технологијата. Папараците не пропуштија шанса да му покажат на светот кој е најдобар на листите за ултра-модерна личност, а тоа не може да биде можно без една таква техно – графика.

 

- Реклама -