Кои се најпознатите фиктивни модни икони?

Над половина Британци купуваат облека по примерот на Кери Бредшо и Џејмс Бонд.

Во Велика Британија ликот и делото на Кери Бредшо изгледа не го губи значењето, со оглед на тоа што најголем број девојки признале дека токму овој лик им е во главата кога купуваат облека.

CarrieBradshaw1

„Секако свесни сме дека медиумите имаат големо влијание врз сите нас, но нѐ интересираше да истражиме во која мера публиката го креира својот моден вкус во однос на своите омилени ликови. Се утврди дека во голема мера! За жените примери се Кери Бредшо и Габриела Солис, додека мажите сакаат да личат на Џемс Бонд“, открива Марк Пирсон, претставник на сајтот „My Voucher Codes“ што ја спровел анкетата.

BOND-JAMES-BOND

Ова е листата на најпознатите женски фиктивни модни икони:

1.Кери Бредшо, Sex and the City
2.Џес Деј, New Girl
3.Мици, Hollyoaks
4.Ефи Стонем,Skins

skins 033

5.Тереза Меквин, Hollyoaks
6.Габриела Солис, Desperate Housewives
7.Џоан Холовеј, Mad Men

joan2

8.Ајша Рана, EastEnders
9.Лејди Сибили Кроули, Downton Abbey

- Реклама -