Кои се барањата на движењето на Грета Тунгберг во Македонија?

Климатското движење „Петоци за иднината“ (Fridays for future) започна во август 2018 година. Тогаш 15-годишната Грета Тунберг, загрижена за својата и иднината на своите врсници и сите идни генерации, наместо да оди во училиште, секој ден протестираше пред шведскиот парламент барајќи итна, сериозна и ефективна борба против климатските промени. Набрзо ѝ се придружија и нејзините врсници ширум светот, а семето на Тунберг изрти и во Македонија.

На 20 септември годинава, милиони луѓе низ светот, загрижени за својата и за иднината на своите деца, излегоа на улиците барајќи акција од надлежните за справување со климатската криза. Во скромна бројка, со оглед на проблемот, се протестираше и пред Владата во Скопје. Неколку еколошки здруженија побараа Владата да го смени досегашниот пасивен пристап, и тоа преку 5 конкретни чекори: 1) Прогласување на климатска вонредна состојба на национално ниво, со цел проблемот да добие приоритет во институциите и да се разбудат општествените актери по однос на прашањето за климатските промени; 2) Активирање на специјалното националното тело – Комисијата за борба против климатските промени – која постои само на хартија и нема никакви интеренции и овластувања; 3) Отпочнување на процесот на затворање на постојните електрани на јаглен и преминување на 80% обновливи извори на енергија до 2030 и 100% до 2050; 4) Воведување на изучувањето на климатската проблематика во основно и средно образование; и 5) Конечно преземање на конкретни мерки за спречување на загадувањето на воздухот, со што би се дал придонес и во борбата со климатските промени (извор: „Мета.мк“, via Иво Босилков, предводник на македонскиот огранок на движењето – Fridays for Future Skopje).

Уште една од младите активистки која е дел од движењето инспирирано од младата Швеѓанка во Македонија е и Јана Василевска. Движењето, според неа, од недела во недела добива сѐ повеќе поддржувачи. Според неа, прашањето е едно и единствено: Не дали постојат климатските промени, туку дали ќе направиме нешто околу нив и ќе обезбедиме иднина, или ќе ги игнорираме. Во случај на второво, Јана знае како ќе изгледа Македонија за 100 години. Погледнете го краткото интервју и Јана ќе ви објасни подобро (ЛИНК).

 

- Реклама -