Пред 8 години светот загуби еден љубител на животните, татко и неописливо храбар човек. Го познававме како Ловецот на крокодили, а сега, последните моменти на Стив Ирвин, беа откриени од страна на снимателот, кој бил сведок на неговата трагична смрт.
„Јас умирам”, рекол Ирвин, борејќи се за својот живот, откако ражта го прободела фатално во градите. Телевизискиот презентер имаше 44 години кога загина, откако бил пробиен стотина пати од страна на животното.
Џастин Лионс, снимателот кој бил со Ирвин во Големиот корален гребен во септември 2006, е единствениот директен очевидец на трагедијата. Двајцата работеа заедно од 15 години пред смртта на Ирвин.
Во една емисија Лионс изјави тие се соочиле со “огромно, 2,5-метарско животно” и кога Ирвин се приближил до „навидум спокојното животно” се случило нешто неочекувано. „Одеднаш, ражта се наведна напред и започна да боде со опашката. Стотици замавнувања во секунда … како нож низ путер. ”
Лионс сепак дури и не видел што се случува и продолжил да снима како ражта се оддалечува. „Не сфатив дека го прободела. Дури кога ја свртев камерата назад кон Стив, околу кој што водата беше станала црвена, сфатив дека нешто не е во ред. Не мислев дека сепак е толку сериозно. Не знаев дека го прободела во срцето. Помислив дека можеби го пробила во белите дробови и има голема шанса да го спасиме. ”
Снимателот го извлекол Ирвин и му дал вештачко дишење.
„Тој едноставно смирено погледна кон мене и ми рече ‘Јас умирам’. Тоа беа неговите последни зборови. “- Се сеќава Лионс.
Лекарите пристигнале и 10 секунди подоцна го прогласиле Ирвин за мртов.
Запрашан дали некогаш ќе го објави записот од трагичниот ден, Лионс одговара:
„Никогаш. Од почит кон семејството, никогаш не би го направил тоа. ”
Почивај во мир, Стив. Недостигаш.