Џастин Лајонс, кој работеше со Стив Ирвин и ги документираше последните моменти од неговиот живот, раскажа како изгледала смртта на познатиот „ловец на крокодили“, во 2006-тата година на брегот на северен Квинсленд.
Имено, Лајонс бил со Ирвин во водата за време на несреќата, па објасни како ражата го избодела повеќе пати пред да му зададе смртоносен убод во срцето.
„Одеднаш почна многу да го боде со опашката и за само неколку секунди го избоде стотина пати“, вели Лајонс во емисија на еден австралиски телевизиски канал.
Првичната намера на Ирвин била само да плива покрај ражата, но очигледно животното почувствувало опасност и го нападнало. Во тој момент Лајонс го извлекол Ирвин од водата и го ставил во чамецот:
Во интервјуто, Лајонс кажува и кои биле последните зборови на „ловецот на крокодили“: