Кога жената ќе наплати: Колку мажите ги чинат неверствата

Постојат мажи кои кога ќе ја изневерат својата партнерка не остануваат кај новата, туку се враќаат кај старатa и ја молат да му прости. Оние храбрите и јаки никогаш нема да ви простат ниту пак ќе ви се јават некогаш. Оние другите можеби ќе ви простат, но сигурно нема да заборават. Па, колку ќе ве чини неверството? Тоа дефинитивно ќе биде најскапиот излет на кој некогаш сте биле.

Заборавете на својата приватност. Оној момент кога си одличил да го изневериш партнерот, се откажа од приватноста на мобилниот телефон, пасвордите на социјалните мержи, нејавувањето за време на излегување, можеби и од самите излегувања со другарите.

M

Во секоја кавга ќе слушаш за жената со која си ја изневерил партнерката. Без разлика дали се работи за една недела или по две години. Што и да направи твојата партнерка, ќе да даде до знаење дека ти си тој што ја изневерил.

Прочитајте и:  Истражувач за долговечност: „Ако имате над 60 години, земајте го овој додаток“

Повеќе ништо нема да биде исто. Можеби досега си бил тестиран глушец во лабораторија, отсега ќе бидеш тестиран како нуклеарка.

Работите кои досега не си сакал да ги правиш, отсега ќе мораш, без приговор. Нема повеќе дозволување на луксузи како заборавање на важни датуми.

Ќе ве излажеме ако ви кажеме дека неверството нема да ве чини и финансиски. Кога би можел, твојот паричник би проплакал, од мака секако.

- Реклама -