Австралија минатава недела се соочуваше со екстремно време. Ветровите на моменти биле толку силни што го запреле и падот на еден водопад. Силните ветрови, кои имаат сериозно влијание врз водотеците во Австралија, достигнале брзина од 120 километри на час. Според ВВС, Сиднеј бил погоден со месечната количина на дожд во само еден ден.
Иако поморските врски со кои стотици луѓе одат на работа продолжиле да функционираат возењето во ферибот било далеку од удобно за оние кои се решиле да ја испробаат својата среќа. Брановите во регионот достигнале висина од 5 метри. Ветровите се најновиот дел од екстремното време со кое се соочува Австралија која минатава зима беше погодена од поплави. Џон Маграт, истражувач на климатски промени од Оксфам, изјавил: „Земјата ни пренесува порака. Пораката е дека треба да очекуваме екстремното време да стане норма а не исклучок.“
{youtube}qWeu87CK9fk{/youtube}