Кога водечките научници ја кочат науката

Макс Планк, физичарот и нобеловец кој ја постави квантната теорија, има речено:

„Новата научна вистина не триумфира преку убедување на нејзините противници и преку нивно вразумување, туку пред сé бидејќи нејзините противници евентуално умираат, а доаѓа нова генерација на која таа вистина и е позната“.

scienceОвој негов коментар се однесува на брзината и пречките на научниот прогрес, а во превод значи дека и најдобрите научници можат да бидат (што би рекле Американците) „фул оф шит“ и дека науката не е имуна на меѓусебни кавги, нефер игри и его-трипови. Искуството вели дека и научниците можат да бидат тврдоглави и да го злоупотребат својот углед и влијание за да ги задушат новите идеи. Затоа, новите идеи генерално добиваат на популарност дури по смртта на постарите научници кои се приврзани на некоја различна теорија.

Неодамна, истражувачите од Националното биро за економско истражување (NBER) објавија труд насловен како „Дали науката напредува погреб по погреб (наместо чекор по чекор)?“, во кој ја разгледуваат вистинитоста зад незгодната забелешка на Планк. Буричкајќи низ датабазата на PubMed, тие нашле солидни докази дека кога некој проминентен научник од одредено академско поле ќе умре, обично следува бурен/богат период со нови идеи и иновации.

Тимот на NBER идентификувал 12.935 „елитни“ научници (врз основа на фундирањето што го добивале, квантитетот на објавените трудови, бројот на патенти што ги измислиле и членството/нечленството во националните академии за науки или медицински институти), од кои 452 починале пред да стигнат до пензија. Со оглед на тоа што науката води сметка за цитати, датуми на објавување и авторство, мошне лесно е да се следи шемата на објавувани трудови по нечија смрт, истражувачите утврдиле дека шемата е следна:

По неочекувана смрт на некој од „супер-ѕвездите“ во науката, следи пад во публикацијата на научни трудови од страна на нивните соработници и помлади асистенти (кои претходно заеднички издавале трудови со еминентниот научник). Истовремено, се јавува значително зголемување на публикацијата од страна на „новодојденци“ во научното поле. Не само тоа, туку „новајлиите“ многу помалку се приврзани кон работата на починатиот научник и помали се шансите дека ќе го цитираат, се вели во извештајот. Згора на тоа, новајлиите прават големи чекори напред: „Новите трудови се покажуваат како значајни придонеси на полето на науката, барем по импактот што го прават кон понатамошните истражувања“.

Screen%20Shot%202015-12-14%20at%206.13.39%20PM[1]Сето ова сугерира слика во која научните кругови функционираат повеќе како „научни кланови“, во кои елитниот научник го регулира пристапот за новите експерти од полето, притоа ограничувајќи ги можностите нивните теории да добијат на важност и да ја формираат насоката во која науката би продолжила да се развива. Во превод, новите научници или се плашат, или се спречени да го предизвикаат етаблираниот водечки ум во научното поле.

Како спореден ефект се истакнува и тоа што смртта на елитниот научник обично ги повредува кариерите на неговите помлади соработници. „Смртта на водечкиот научник има негативен, и по сé изгледа – перманентен ефект врз продуктивноста на нивните ко-автори“, пишува во студијата. „Тие објавуваат помалку од порано, а празнината е пополнета со публикациите на аутсајдерите“.

Важно е и да се истакне, како што е тоа направено и во студијата, дека тоа што етаблираните научници се однесуваат како бодигарди на врата на ноќен клуб не секогаш е лоша работа. На пример, „вратарството“ е корисно во ситуации кога некое научно поле е во својот зачеток, бидејќи им дава простор на научниците да преземаат поголеим ризици.

Како и да е, студијата на NBER е уште еден пример за тоа како прогресот во науката зависи од човековото однесување и карактер. Ова е евидентно во толку многу сфери: научници лажат за резултатите, ги занемаруваат откритијата што можат да бидат извлечени од неуспесите, се фокусираат на решавање на сложени проблеми и ги забораваат едноставните, а меѓу другото и ги фаворизираат мажите повеќе отколку жените. Со други зборови, да, науката е благородна дисциплина кога почива единствено врз логика и рационална опсервација, но луѓето се животни кои работат на погон од емоции и пристрасност. „Карактерните ставови на одредени научници можат многу да придонесат кон промена, или барем пролонгирање на курсот кон кој напредува науката“, гласи заклучокот на студијата.

- Реклама -