Кога во Дизни ќе ги фати мрза

Ви се случило да имате дежа-ву додека за прв пат гледате некој од анимираните филмови на Дизни? Тоа и не е така чудно, бидејќи постои можност дека истото тоа навистина сте го виделе претходно.

Неодамна се потврдија сомневањата дека студиото Дизни „рециклира“ сцени од некои од нивните најпопуларни анимирани класики, а тоа го прави веќе со децении. Таквата пракса се нарекува „ротоскопирање“, а во принцип се работи за реупотреба на веќе постоечка основа за сцената, со тоа што (условно речено) минимално се прецртуваат ликовите.

lkvds

Па така, кога го гледате „Заспаната убавица“, вие всушност гледате и одредени елементи од „Убавицата и Ѕверот“, а во „Снежана“ гледате елементи од „Робин Худ“.

lkvcr

Очигледно, прилично е скапо да се направи анимиран филм од вакви размери, па рециклирањето на сцени е начин да се заштедат средства и времето на аниматорите.

„Заспаната убавица“, „Убавицата и Ѕверот“, „Снежана“, „Робин Худ“ и „Книга за џунглата“ се само дел од нив.

lkvc5

Да не биде сето на ниво на завера, Јутјуб корисникот Movie Munches ги забележал ваквите моменти и ги составил во едно видео. Погледнете го и не очајувајте што не сте ги воочиле порано, не сте сами:

- Реклама -