Кога ќе се спомне зборот венчавка, се мисли на елегантна прослава во знак на љубовта, каде двајцата заљубени ги покануваат оние најдрагите, за да се веселат заедно со нив.
Но, со оглед на тоа што обично на ваквите настани има и доста алкохол, не ретко можеме да пронајдеме низ интернет страниците како тие понекогаш можат и да излезат од контрола. Така, оваа свадба која деновиве се прошири низ странските интернет страници, за малку што не се претвори во вистинска војна. Интересно е тоа што свадбата која беше на светските портали иманувана како „најлошата“ или „најсмешната“, според неколку искажани реченици, но и според пивата на масата, забележавме дека се одржува во Македонија.
Погледнете што се може да се случи во само три минути…