Кога уличните уметници ги „шминкаат“ сообраќајните знаци

Клет Абрахам, француски уличен уметник, е познат по тоа што ги „разведрува“ секојдневните сообраќајни знаци со неговиот необичен хумор. Негови оставштини ќе најдете ширум Европа, од Даблин во Ирска, па и до Кјото во Јапонија.

Неговите дела беа изложени во многу галерии ширум Европа, а инспирираа и бројни други улични уметници да го прават истото што го прави и тој. Меѓутоа, не сите се восхитуваат на неговата уметничка работа, особено не властите.

Сепак, Клет вели дека основен мотив му е да го привлече вниманието на возачите и минувачите кон сообраќајните знаци кои инаку стојат прилично бескорисни и игнорирани.

Можете да го следите на Фејсбук.

 

- Реклама -