Наместо потписот на Стојан Андов – тогашен претседател на Собранието, на Декларацијата за независност стои потписот на првиот потпретседател на Собранието – Драги Арсов, раскажа токму Арсов во интервју за „Република.мк“ дадено во 2016-та година.
Според Арсов, тогаш Стојан Андов не бил подготвен да ја потпише Декларацијата. Со негови зборови, Андов едноставно „исчезнал“, „го немало“. Во негово отсуство, Арсов ја преземал одговорноста и во улога на потпретседател на Собранието на Република Македонија ја потпишал Декларацијата, на што беше горд до крајот на својот живот.
„И се гордеам со тоа што јас го направив во мое име и во името на ВМРО-ДПМНЕ. Додека постои независна Македонија ќе стои и мојот потпис под декларацијата“, вели Арсов (1937 – јули 2019), еден од основачите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Целосната изјава на Арсов прочитајте ја ТУКА.