Кога сексот е најдобар?

Најдобар секс е оној кој се случува меѓу две личности кои се познаваат и си веруваат една на друга, барем судејќи по студиите кои ги спроведе производителот на кондоми „Durex“ врз 2000 мажи и жени.

„Кога луѓето мислат на сјаен секс, многу од нив прво помислуваат на секс за една вечер. Нашите резултати го покажуваат спротивното. Најдобриот секс се случува тогаш кога сте со некој кој знаете дека ве сака само вас. Тогаш се чувствувате доволно сигурно да испробувате нови работи и да ги споделите вашите фантазии, што за возврат резултира со поголема интимност а со тоа и подобар секс“, изјавил Лоран Фарачи од „Reckitt Benckiser“, компанијата која го спроведе истражувањето.

0224-man-and-woman-in-bed_aw

Сјајниот секс не е само убав чин, 83% од испитаниците веруваат дека тој е клучен за квалитетна врска, а 96% мислат дека емотивната врска меѓу партнерите е најважна за одличен секс.

Дури 96% кои учествувале во истражувањето изјавиле дека мислат дека е најдобар сексот со личноста во која знаат дека ги сака само нив, бидејќи тоа им дава чувство на самодоверба и дополонително експериментираат.

Спротивно на популарното верување, личностите кои на сексот не гледаат само како на физичка врска, се позадоволни со својот сексуален живот и се посамоуверени во разговорите за сексот и предлагањето на нови идеи и фантазии.

- Реклама -