Кога од чешмата ќе протече чисто злато

Жители од Монтана, тврдат дека тече злато од нивната домашна цевка, но загрижени се поради тоа што не знаат што содржи нивната вода.

Марк Браун од Вајтхол, цели дека неговата жена Шерон забележала во машината за садови нешто што ја потсетило на злато.

Таа го повикала сопругот и двајцата заедно ги посматрале сјајните честички. Кога ја однеле на хемиска анализа, било утврдено дека станува збор за чисто злато.

„ Тоа е бизарно“, вели Браун.

Неговиот сосед Пол Харпер вели дека исто така добивал парчиња злато и тоа од водата од чешма.

„ Ако добиваме тешки метали, видливи со голо око, што ли внесуваме во организмот пиејќи вода“, вели тој.

Инаку, североисточно од Вајтфол се наоѓа рудник за злато, но Министерството за заштита на животната средина наведува дека нема докази за тоа.

- Реклама -