Ана Николиќ ниту на одморот во Сардинија не дозволува премногу да се опушти, па поминува часови во теретана.
Бидејќи често има проблеми со вишокот килограми, на пејачката не и се непознати ригорозните диети и вежбање сред лето, бидејќи сака беспрекорно да изгледа на плажа.
Таа е толку сигурна во себе и не страда од комплекси, што се слика и без шминка.
– Илјада склекови, илјада стомачни, нема одмор- напиша Ана покрај фотографијата од теретана.
Николиќ доби многу пофалби за нејзиниот природен изглед.