На фарма во Ирска се роди ретко животно кое е половина јарец, а половина овца. Сопственикот Педи Марфи вели дека вкрстувањето не било планирано и дека за него претставува вистински шок.
– Никогаш не сум видел ништо слично. Моето семејство со генрации одгледува овци – вели Марфи за „Ајриш фармерс журнал“.