Twitter денес официјално претстави нов изглед на профилните страници. Овој нов дизајн ги надополнува новите промени на дизајност на мрежата за микроблогирање, кои стапија во сила во Февруари оваа година.
Новиот дизајн на десктоп верзијата на социјалната мрежа, ќе прикажува поголеми фотографии на профилот и пресонализиран хедер, додека на преден план ќе се појавуваат најдобрите твитови – оние кои добиле најголемо внимание и ангажираност, така што ќе можат многу лесно да бидат видени од страна на корисниците.
Ваков нов дизајн доби и првата дама на САД, Мишел Обама, чиј профил изгледа вака:
Новите профили засега се достапни и тестирани само од одредена група на луѓе, но доколку денес решите да направите сопствен нов профил на Twitter, вие веднаш ќе го добиете и новиот дизајн.
Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk