Кога дедо од 73 години бакнува модел од 27…

Англискиот топ модел Роси Хантингтон-Вајтли присуствуваше на една од многуте забави во Кан наменети за најголемите ѕвезди, овој пат организирана од познатиот моден дизајнер Роберто Кавали.

Нема сомневање во неговите прекрасни креации и големината на неговиот бренд, но нема сомневање ни во неговата возраст која го прави дедо. Кавали на забавата искористил да ја посипа Роси со бакнежи и прегратки.

Сепак, судејќи според нејзиниот израз на лице, Роси не била воодушевена од „љубовта“ на Кавали која ѝ ја пружил несебично.

Роси на забавата се појавила со своето момче Џејсон Статам, кој според присутните видно се забавувал во глетката која ја имал.

- Реклама -