Кога Блискиот Исток го обвини Луис Армстронг дека е шпиун

Политичката параноја од шпиунажа отсекогаш била голема, ама таа на египетскиот претседател Гамал Абдел Насер во доцните ’50-ти и раните ’60-ти е ниво погоре. Типов го обвини кралот на трубата Луис „Сачмо“ Армстронг дека е шпиун и дека го користи неговото „scat“ пеење (импровизирано џез пеење кое имитира звук на музички инструмент) за да пренесе тајни пораки до другите шпиони на Блискиот Исток.

Прати ова:

Ако ништо друго, Насер беше во право за едно – Армстронг навистина беше физички присутен во регионот, одржувајќи ја својата прва музичка тура на Блискиот исток, во 1959 година.

Можно ли беше Армстронг да има некакви други мотиви освен да ја шири својата scat музика, како на пример да шири прозападна порака и да достави доверливи владини инструкции до блиските шпиуни? Насер дефинитивно веруваше дека е така, и внимателно го набљудуваше легендарниот џезер. Се разбира, весниците му помагаа во тоа. Во 1959, весниците го обвинија Армстронг дека води израелска шпионска мрежа, а весникот Al-Argam објави дека либанските власти го фатиле „познатиот американски негро музичар кој неодамна го посети Бејрут“ во улога на лидер на банда од уметничко-шпионски заговорници.

Кога муабетите за Армстронг-шпиунот се раширија и до Америка, овој пат од устата на египетскиот претседател, музичарот му испрати копија од неговото scat пеење на плоча, и патем му пиша:

„Не морам да бидам шпиун за да можам да заработувам за живот. Имам доволно пари дувајќи во трубата и многу среќно живеам правејќи го тоа. Зошто не им кажеш на сите овие луѓе што ги шират овие ствари да поминат наваму. Ќе им раскажам неколку продавачки (traveling salesman) шеги“.

GettyImages-51953392[1]
„Види го бе. Види му ја трубата. Се гледа дека е шпиун“ – парафразиран цитат на Гамал Абдел Насер.

Сепак, Насер продолжи да обвинува, а кога Армстронг се врати во Египет во 1961, новинарите го прашаа дали го поддржува Ционизмот. Како што пишува едукаторот Амро Али, Армстронг на тоа одговорил со прашање:

Прочитајте и:  Авторски концерт на Владимир Николов и Националниот Џез Оркестар на Македонија

„Што е тоа, Daddy?“

„Ти многу им помогна на Евреите“, одговориле новинарите.

„Да, им помагам. Му помагам на било кој. Ти помагам и тебе… Ќе ти кажам само ова: Имам труба, и имам млада жена, и немам време да се заебавам со ништо од ствариве што вие луѓе ги зборувате наоколу“.

Додека бил во Бејрут, пак, новинарите го прашале зошто воопшто сака да свири во Израел.

„Да ви кажам нешто. Кога ќе отидам таму, првото нешто што ќе ме прашаат е, како така се реши да свириш за тие проклети Арапи таму во Бејрут?“

О, колку само беше во право. По пристигнувањето во Израел, првото нешто што го прашаа е зошто свирел кај Арапите. Армстронг, лут, а воодушевен од своите „пророчки“ моќи, одговорил:

„Им кажав дека вие луѓе ќе ме прашате за истото проклето нешто. Ни вие не сте подобри од другата страна. Вие сте тапа исто колку што се и тие, човече“.

И така, џезерот кој целиот живот тврдеше „не знам ништо за политика“, на своите патувања се најде во центарот на токсичните светогледи што подоцна ќе им донесат многу проблеми на Израел и Египет во догледна иднина.

louis-armstrong-sotie-giza[1]

Од овој аспект, сликата од Луис Армстронг како свири пред пирамидите во Гиза добива сосема ново значење. Неговите зборови за време на престојот на Блискиот Исток – речиси поетични во својата едноставност, нудат лекција што и денес се чита, но се игнорира, не само во Израел и Египет, туку и во светот.

„Да ти кажам нешто, човече“, рече Армстронг додека беше во Бејрут. „Трубата нема предрасуди. Нотата е нота во било кој јазик“. Добро срочено, како за шпиун.

- Реклама -