Многу мајки велат дека иако „клоцањето“ на нивните малечки во утробата некогаш знае да ги здоболи, сепак, тоа се слатки болки кои воопшто не им претставуваат потешкотија. Всушност, многу од нив бараат начини за да ги поттикнат бебињата да им дадат знак дека се таму, присутни, иницирајќи ги ударите преку различни методи и трикови. Велат, минувањето со четка преку стомакот исклучително им годи на бебињата, кои токму на тој начин може да ги размрдате. Симпатичната галерија подолу е составена од фотографиите на трудничките стомаци на неколку мајки, кои во секој момент се подготвуваат за принова.