Кога бебиња слушаат Андреа Бочели (ВИДЕО)

Како да познаете музичко ремек-дело? Пуштете му ја музиката на емотивно бебе и чекајте дали ќе заплаче. Или обратно, како да препознаете емотивно бебе? Пуштете му музичко ремек-дело и чекајте дали ќе заплаче.

Следуваат не еден, туку два примера. Во позадина оди сцена од Sesame Street (повелете линк), а Андреа Бочели и Елмо ја пеат „Time to say Goodnight“ (пародија на „Time to Say Goodbye“). За тоа време, двеве бебиња се возат на емотивен ролеркостер, а многу е веројатно дека и вие ќе им се придружите.

А еве и како мало дете реагира на Бетовен. Клик ТУКА.

- Реклама -