Кога барокот го победи Чичко Стоилко

Легендарната сендвичара Чичко Стоилко беше неиздвоив дел од некогашното скопско секојдневие. Ниедно Силбо нема да може да го замени познатото „Те чекам кај Чичко Стоилко“.

Оваа реченица стана скопски муабет, кој што ја направи сендвичарата „Чичко Стоилко“, урбан култ на градот.

Беше тоа 16 јуни 2014-та, кога со солзи во очите вработените од најпознатата скопска трафика се простија со своето работно место, а скопјани со својата омилена сендвичара.

Чичко Стоилко и Нино заминаа во историјата, односно и двата објекти беа отстранети од локациите. Отстранувањето на овие, како и уште два други објекти, беше изведено по законска обврска на општина Центар која постапуваше по донесеното решение и на барање на ЕВН за поставување на нова барокна фасада на зградата.




Во моментов на оваа локација има поставено скелиња на кои се изведува новата фасада на ЕВН, наскоро се очекува да почнат со работа новите барокни сендвичари и киосци кои се поставени на неколку локации во центарот на градот.

- Реклама -