Коцки со сливи

Сливите може да ги прогласиме за заштитен знак на готвењето на нашите баби затоа што нивниот мирис повеќето го паметиме од детството. Од нив може да зготвите компот, џем, но и вкусни десерти.Еве еден од нив:

Состојки: 4 јајца, 180мл јогурт, 2 чаши брашно, 100мл зејтин, 100г шеќер, 50г растопена чоколада за готвење, половина кесичка прашок за пециво, 400г исчистени модри сливи, 1 кесичка ванилин шеќер, 50г листови бадеми, 2 лажици џем

Подготовка: Со миксер сматете ги јајцата и шеќерот, додајте ги јогуртот, брашното, прашокот за пециво и зејтинот. Смесата преполовете ја и во едната половина измешајте ја растопената чоколада. Во подмачкан плех прво сипете ја смесата со чоколадото, па жолтата смеса. Преку нив распоредете парчиња сливи и печете 40 минути на 200 степени. Испечениот колач премачкајте го со џем измешан со ванилин шеќер и наредете ги листовите бадеми. Пред служење, исечете го на коцки.

Прочитајте и:  Овој начин на подготовка на јајца го зголемува ризикот од рак и срцеви болести

Добар апетит!

- Реклама -