Коцките мраз можеби би можеле да бидат одговор на сите ваши проблеми со кожата. Трикот кој би требало да го користите е да го масирате лицето со мраз замотан во газа, бидејќи со директната примена на лед на лицето можете да предизвикате пукање на капилари. Во продолжение прочитајте некои совети врзани за кожата на вашето лице…
-Коцките мраз се користат против акни, со намера да го ублажат подрачјето околу нив.
-Тој е совршено решение за смалување на маснотијата на вашето лице. Се што треба да направите е да го миете лицето со ситно скршен мраз седум дена. Оваа постапка ќе ви помогне да ги држите масните подрачја под контрола.
-Лицата кои патат од широки пори треба да користат мраз 30 дена. Ова е едноставна постапка, а се што ќе треба да направите е да замотате коцки лед во крпа и нежно да ги масирате лицето и вратот.
-И за моментално олеснување од сончевите изгореници користете мраз. Во комбинација со вода од роза можат да ги ублажат изгорениците од сонце.
-Користете коцки мраз за да се ослободите од влакната на лицето. Иако ова е долготраен процес, студот може потполно да го умртви коренот на влакното. Откако ќе го измасирате лицето со коцки лед, користете природен пилинг за лице.