Коалицијата „Вреди“ поднесе кривична против Петар Богојески за говор на омраза

Коалицијата „Вреди“ до Основното јавно обвинителство денеска поднесе кривична пријава за ширење на говор на омраза на социјалната мрежа Фејсбук. Кривичната пријава беше поднесена од страна на правниот претставник на Коалицијата адвокатот Абидин Абдуљи.

-Денеска поднесовме кривична пријава против лицето Петар Богојески за ширење на говор на омраза на социјалната мрежа Фејсбук, со тоа што тој со таков говор на омраза стори кривично дело казниво по член 319 и 398 од Кривичниот законик. Го поттикнуваме Јавното обвинителство во иднина овие кривични дела да ги гони по службена должност по допир на глас затоа што истите се јавни и се даваат и во секои медиуми, на социјалните мрежи, рече Абдуљи.

Бујаре Абази, потпретседател на Алијансата за Албанците-крилото на Арбен Таравари, смета дека веќе не е време за дигање на рејтинзи во таква форма и ова оди во корист на, како што рече, ДУИ која во агендата исто така планира дестабилизација. Според неа, од таа причина мора да се фокусираме на нашиот стандард, здравство и образование.

-Граѓаните се уморни и тоа дефинитивно мора да го сфатат сите политичари дека носат одговорност и оти мора да пружиме резултати во нашето работење, а не да сметаме дека со некои такви изјави некој и ќе не поддржува. Таквите изјави дефинитивно никој не треба никој да ги поддржи, рече таа.

Одговарајќи на новинарско прашање дека очекуваат правна разврска за говорот на омраза на Богојески кој сепак е нивен коалициски партнер, Абази нагласи дека тие две работи не треба да се мешаат во смисол на планирање и реализирање на програмите што ги ветиле на граѓаните

Прочитајте и:  ВРЕДИ: Патериците на Али Ахмети испуштаат очајнички крици за да ги прикријат своите неуспеси

-Меѓутоа, мора да покажеме дека такво нешто не е дозволиво, не во смисол само на Алијансата за Албанците или „Влен“ во чие име денеска настапуваме, туку во име на сите други што не се Македонци. Таков начин на почитување на другиот без разлика на кој, апсолутно сметам дека не ни носи добро, ниту овозможува ние да развиеме добри односи помеѓу двата најголеми етникуми во Република Северна Македонија, рече таа.

На новинарско прашање дали можеби поднесувањето на кривична пријава против Богојевски политички ќе влијае, Абази смета дека нема да влијае и потенцира дека сепак треба да се покажат границите што е дозволено и што не.

– Нема да молчиме во ситуации кога не се третираме со почит како што впрочем ги третираме другите, рече Абази.

Во однос на судската постапка што се води околу тоа кој е вистинскиот претседател на Алијансата за Албанците – Зијадин Села или Арбен Таравари, Абдуљи соопшти дека уште немаат добиено никаков писмен одговор од Апелациониот суд во Гостивар.

– Ние немаме инсталирани луѓе во судскиот систем во Република Македонија и немам добиено ништо писмено во мојата адвокатска канцеларија и нема уште одлука од страна на Апелациониот суд во Гостивар, рече тој.

- Реклама -