Коалиција Влен: Законите треба да важат подеднакво за сите, сериозните индиции за ДУИ фрлаат сенка врз сите Албанци

ВЛЕН апелира до правосудните органи да постапуваат исклучиво по словото на законот, ослободени од политички влијанија и да испорачаат правда врз основа на докази изнесени во фер и транспарентна постапка. Законите треба да важат подеднакво за сите без разлика на етничка,
верска или политичка припадност.

Враќањето на довербата во правосудниот систем не смее да се сведе на дневна политика. Не сме среќни што една политичка партија како ДУИ се поврзува со сериозни сомнежи и индиции за бројни случаи на политичко-фамилијарна корупција.

Овие поразителни околности фрлаат дамка на сите Албанци. Ваквите сомневања се уште еден аргумент плус дека ДУИ мора час поскоро да се реформира и да почне да делува како конструктивна опозиција.

Прочитајте и:  ВЛЕН: Се залагаме за целосно официјализирање на албанскиот јазик

Наша обврска како ВЛЕН е да не дозволиме ова заглавено во минатото раководство на ДУИ да се обидува да направи од Албанците штит за нивните корупциски скандали.

Со почит,

Коалиција ВЛЕН

- Реклама -