Книжевна средба со Венко Андоновски

Францускиот институт вечерва организира книжевна средба со писателот Венко Андоновски на која ќе биде претставено француското издание на неговиот роман „Вештица“.

Венко-Андоновски-9
Фото:Телеграф.мк/Радован Вујовиќ

Романот на француски јазик го објави издавачката куќа „Кантокен“ од Брисел. Автор на преводот е Марија Бежановска, а предговорот за книгата го напиша писателот Милан Кундера.

- Реклама -