Обожавателите на Ханибал можат да се изненадат од податокот дека во некои библиотеки можат да најдат книги со корици, кои се произведени од човечка кожа. Книгата на сликата навистина е таква, а оваа информација беше потврдена од страна на научниците на Харвард, кои ја истражувале корицата темелно.
Имено, на Харвард биле откриени три вакви книги со чудни корици.
Според истражувањето, кожата е од жена која најверојатно страдала од ментално растројство или друго посериозно заболување, но причината за нејзината смрт била срцев удар.
Не знаеме точно како го дознале сето ова, но потврдено е дека многу од старите книги во библиотеките биле создадени токму на овој начин.
На крајот на 18 век, многу од книгите биле „облечени“ на овој начин, а материјалот доаѓал од затвореници, кои што биле осудени на смрт. Процесот го носи називот антроподермична библиопегија. Конкретната книга е на францускиот новелист Arsène Houssaye и содржи есеи на тема „Медитација на човечкиот дух”. Научниците велат дека е доволно да се погледне во книгата, за да ги погледнете порите на кожата, но ние не сакаме да гледаме толку многу.