Книги и кинобилети за бадијала

story.book.presentПопусти од 10 до 50 отсто, пакетчиња од по неколку книги со
специјални попусти и подароци е предновогодишната понуда на скопските
книжарници. Во кино Милениум, новогодишни пакети на цените на билетите.

 

story.book.present

 

Попусти од 10 до 50 отсто, пакетчиња од по неколку книги со специјални попусти и подароци е предновогодишната понуда на скопските книжарници.

Најголемиот хит на издавачката куќа „Магор“ – бестселерот „Ерагон“ на Кристофер Паолини, истовремено е и најпродаваната книга во пресрет на новогодишните празници. Затоа, таа се продава со посебен и голем попуст.

Издавачката куќа „Матица“, пак, веќе четврта година по ред организира новогодишна акција. Акцијата се спроведува под мотото „Подари книга“, а вклучува пакети од по неколку книги, кои се продаваат со специјален попуст. Изборот на книги можат да си го направат самите купувачи, а пакетите што ги подготвува „Матица“ ги содржат нејзините најнови изданија – бестселерите „Бадем“, „Историја на љубовта“, „Лавиринт“, „Атила“ и др.

И изданијата на „Или-или“ имаат новогодишен попуст од 20 отсто, но во зависност од бројот на купени книги, предвидени се и други поволности.

Убаво спакувани со картичка, во новогодишни пакетчиња, се продаваат изданијата на „Три“ групирани во тематски комплети. Има околу 15 вакви пакети, насловени „Книги за успех“, „Книги за жената“, „Трилери“, „Хитови“ и слично. Во комплетите се вклучени најчитаните и најпродаваните книги на овој издавач. 

 

movie_theatre

 

 Киното „Милениум“ пак, воведе новогодишни пакети на цените на билетите.

Децата до 10 години и родителот што ги води во кино ќе можат да ги купуваат билетите по посебна фамилијарна цена од 80 денари за претставите чија основна цена е 150 денари, или по 100 денари за претставите чија основна цена е 180 денари.

За децата до 14 години и за студентите што имаат национална студентска картичка на „Мулти проџект организејшн“ билетите за претставите што чинат 150 денари, со новогодишниот попуст ќе чинат 100 денари, а за 120 денари се продаваат билетите чија основна цена е 180 денари.

виа Време

- Реклама -