Книгата за деца од познатиот писател Нил Гејмен содржи илустрации какви што порано не се видени во детската литература.
Илустрациите во книгата се дело на Крист Ридел, а меѓу нив се наоѓа и таква на која принцезата со бакнеж ја буди кралицата.
Издавачот „Bloomsbury” го опишува ова дело како мрачен пресврт на класичните бајки кои ги истакнуваат силните женски ликови во прв план.
– Иако тоа не е геј приказна, има многу да се каже за појавата не само на бакнежот во приказната, туку и на илустрациите во книгата за деца – вели секторот за односи со јавност на оваа издавачка куќа.
Гејман е еден од најпознатите пишувачи на фантастиката, со бестселери како „Коралина“ и „Никодаџија“.
Неговата нова книга ги следи авантурите на млада кралица која ноќта на својата венчавка заминува да ја спаси принцезата во соседното кралство, која ја одвеле во вековен сон.
Иако ова наиде на многу критики, доби согласнот од Суран Диксон, претставник на Diversity Role Models, организација чија цел е да вовдеде геј примери во училиштето, кои би покренале разговарање со децата, одговарајќи им на сите прашања.
– Наш главен проект е децата да разберат дека љубовта е најважен аспект во било која врска. Во општество кое полека ја прифаќа еднаквоста на браковите, важно е филмовите, книгите, рекламите и ТВ програмата да покажуваат секакви парови како позитивна работа. Оваа бајка покажува дека нема секоја принцеза да ја разбуди принц. Тоа им помага на децата да ги разберат различностите во односите.
Би му купиле ли на вашето дете ваква книга?