Книга за бамбусот

kniga_za_bambusot.jpgКнига за бамбусот е книга за некои други светови, кои најчесто го претставуваат светот на нашите сништа. Бамбусот има душа, тој никогаш не би поминал низ човечкото тело. Би го допрел и би барал друг, заобиколен пат. Луѓето, пак, растат и живеат низ други луѓе, позиции, предмети, наместо низ просторот кој е нивното духовно живеалиште.

kniga_za_bambusot_copy.jpgСе што си бил
и ќе бидеш – не си. Само
што си – ти си.

Книга за бамбусот е метафора за раѓањето на една филозофија низ билката која ги допира човечките прсти и се враќа на својот дефинитивен облик. Бамбусот е главен лик и предмет на човечките мисли и желби, тој е врската меѓу две култури (јапонската и кинеската), врската помеѓу човечките судбини; тој ги определува настаните, преземајќи ја одговорноста врз себе. Низ книгата дефилираат цареви, поданици, војски, се менуваат кланови и династии, но лајтмотивот останува мистериозната девојка родена во бамбус.

Книга за бамбусот е книга за некои други светови, кои најчесто го претставуваат светот на нашите сништа. Бамбусот има душа, тој никогаш не би поминал низ човечкото тело. Би го допрел и би барал друг, заобиколен пат. Луѓето, пак, растат и живеат низ други луѓе, позиции, предмети, наместо низ просторот кој е нивното духовно живеалиште. Во него нема пречки, бидејќи тука човекот се бори со самиот себеси, со својата волја и снага. Затоа може да се сака една личност цел живот, доколку така одлучи човекот. Пак е тоа борба со самиот себеси, но не борба против себеси.

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на книгата Тепачки клуб се:

– Никола Велковски
– Дарко Атковски
– Христифор Саракинов

 

- Реклама -