Книга: Тепачки клуб

fight_club_intro.jpgСекој викенд, во подруми и на паркинзи низ целата државата, млади дечки со фини канцелариски работни места и отсутни татковци ги соблекуваат чевлите и кошулите и се тепаат со голи раце додека ги држи снага. Па си се враќаат на работа со помодрени очи, расклатени заби и чувство дека сè им е околу малиот прст.


fight_club_300.jpgСекој викенд, во подруми и на паркинзи низ целата државата, млади дечки со фини канцелариски работни места и отсутни татковци ги соблекуваат чевлите и кошулите и се тепаат со голи раце додека ги држи снага. Па си се враќаат на работа со помодрени очи, расклатени заби и чувство дека сè им е околу малиот прст.

Тепачки клуб е измислица на Тајлер Дурден, кинооператор, келнер и мрачен, анархичен гениј. А тоа е самоп почеток на неговите планови за одмазда кон свет во кој групите за поддршка на болни од рак се последно прибежиште на човечка топлина.

Прочитајте и:  Артконект го објави графичкиот роман „Бранови“ на Ингрид Шабер и Карол Морел

Апокалиптично напната комедија на хоророт да те извади од такт…

Со неверојатна јаснотија на Тепачки клуб му успева да ти го направи она што само страшните книги го можат – ни кажува: еве вака живееме.

Еве што напишаа за оваа книга некои од светските медиуми:

Застрашувачко ролер-костер читање кое брзо излегува од контрола. Романот првенец на Паленик звучи како современ Франц Кафка од Њујорк прочешлан од Пол Остер. Вечерта која тргнува како брутална тепачка со голи раце одеднаш се претвора во застрашувачко апокалиптично движење… Вознемирувачки прекрасно.
Big issue

Брз, остар и див, прогонувачкиот и фрапамтно оригинален американски урбан кошмар е најимпресивниот меѓу фикциските првенчиња што можат да ми паднат на памет наназад со години.
Glasgow Herald

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на книгата Бруклински будалаштини се:

Марјан Петрески
Ненад Јованов
Јана Тановска

- Реклама -