Книга: Страници за нашата љубов

Повеќе.. Блескајќи со убавина која ретко може да се најде во литературата денес, овој роман го сместува Николас Спаркс во редот на класичните раскажувачи со уникатна способност да проникне во единствената емоција која навистина ни значи.

stranici_za_nasata_ljubov.jpgЗемајќи еден стар, излитен бележник еден маж почнува да ја чита тажната приказна за двајцата несреќни љубовници и нивното долго и трогателно патување кон среќата.

„Јас сум обичен човек, со обични мисли, што живее обичен живот. Не постојат споменици во моја чест, а моето име наскоро ќе биде заборавено, но јас љубев со сето свое срце и душа и за мене тоа секогаш беше доволно.“

Вака започнува овој возбудлив роман кој е двојна приказна за љубовта, изгубена и најдена, и борбата на еден човек да допре до срцето на другиот, кој веќе ги изгубил сеќавањата за најдрагоцените мигови од животот кој полека згаснува.

Страници за нашата љубов е книга за магијата на љубовта, онаа вистинската и трајна, која ве води на патот по незгасливиот премин меѓу вашето срце и душа, што само љубовта умее да го отвори.

Блескајќи со убавина која ретко може да се најде во литературата денес, овој роман го сместува Николас Спаркс во редот на класичните раскажувачи со уникатна способност да проникне во единствената емоција која навистина ни значи.

Романот доби и своја екранизација во истоимениот филмски хит од 2004 година, кој, исто како и книгата, ги освои симпатиите на публиката и критичарите.

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на книгата 101 зен приказна се:

– Љубица Петковска
– Елизабета Даркоска
– Сања Игњатовска

- Реклама -