Книга: Самрак

Повеќе.. Самрак е книжевната сензација која го сврте умот на милиони читатели ширум светот, и воедно почетокот на сагата во четири продолженија. Големиот хит, објавен за првпат во 2006 година, стекна култен статус најпрвин во САД,  а потоа и во уште 43 земји, и до овој момент ја достигна бројката од импресивни 40 милиони читатели.

365.jpgСредношколката Бела Свон се помири со неизбежното. Мора да го напушти сончевиот Феникс во Аризона и да оди да живее со својот татко во Форкс, дождливо местенце на пацифичкиот брег, познато како најоблачното во САД. Што е уште полошо, во малото место секој се познава со секого, па Бела, која никогаш немала многу пријатели и отсекогаш ја сакала самотијата, сега мора пред сите да покаже колку е несмасна на часовите по физичко и како паѓа во несвест штом види и најмала капка крв. Само на најубавиот ученик во гимназијата во Форкс – Едвард Кален, едно од четирите деца на самотничкото семејство за коешто малку се знае, се чини, воопшто не му пречат нејзините слабости. Иако неговите ненадејни промени на расположението на почетокот за неа се необјасниви, Бела полека почнува да се сомнева дека решението на Едвардовата загатка лежи токму во крвта, човечката крв, нејзината крв, крвта поради која Келеновото семејство толку многу се разликува од останатите жители на Форкс.

Во истовреме неодоливо морничав и занесно романтичен, Самрак е љубовна приказна за сите оние што отсекогаш се чувствувале поинакви, а не верувале дека некој совршен може тоа да го сфати како доблест и да ги засака без оглед на сите разлики. Па и по цена на животот, или бесмртноста. 

Самрак е книжевната сензација која го сврте умот на милиони читатели ширум светот, и воедно почетокот на сагата во четири продолженија. Големиот хит, објавен за првпат во 2006 година, стекна култен статус најпрвин во САД,  а потоа и во уште 43 земји, и до овој момент ја достигна бројката од импресивни 40 милиони читатели. Популарноста на Самрак расте секојдневно, а нејзината неодоливост не ги одмина ни филмските продуценти кои ја искористија да го снимат истоимениот филмски хит. Иако во основа наменета за младите, Самрак е книга која допира до секој оној што ќе ги отвори нејзините страници.

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.

Добитници на книгата Омилената игра се:

– Бети Ѓорѓиеска
– Љупчо Михајлоски
– Сања Игњатовска

- Реклама -