Книга: Победникот е сам

pobednikot_introКоја е цената на успехот?  Во Победникот е сам, Пауло Коелјо им се навраќа на важните теми од Единаесет минути и Захир. Тој нуди роман полн со неизвесност, роман  што го отсликува светот во кој живееме, каде што нашиот стремеж за луксуз и успех по секоја цена често пати нè спречува да слушнеме што срцето навистина ни шепоти.

pobednikot_e_sam_3D_copyКоја е цената на успехот?  Во Победникот е сам, Пауло Коелјо им се навраќа на важните теми од Единаесет минути и Захир. Тој нуди роман полн со неизвесност, роман  што го отсликува светот во кој живееме, каде што нашиот стремеж за луксуз и успех по секоја цена често пати нè спречува да слушнеме што срцето навистина ни шепоти.

Во новиот роман, Победникот е сам, Пауло Коелјо нè води на Канскиот филмски фестивал, каде што се собира таканаречената суперкласа – тие што успеале во светот на модата и филмот. Некои се пробиле до самиот врв и се плашат да не ја изгубат својата супериорна позиција. Парите, моќта и славата се загрозени – вредности за кои повеќето луѓе се подготвени на сè, по секоја цена. 

На овој модерен панаѓур на суети се сретнуваат: Игор, руски милионер; кралот на модата Хамид од Блискиот Исток; американската актерка Габриела, желна да дојде до главна улога; амбициозниот криминален детектив Савој, кој се надева дека ќе го реши случајот на неговиот живот, и Џасмин, манекенка на чекор од својата успешна кариера. 

Кој ќе го спознае својот личен сон меѓу многуте извештачени сништа и ќе успее да си го оствари? 

„Безмилосно испитување на светот на гламурот и елитата… Во Победникот е сам, тие не само што го бараат опасниот убиец, туку и вистинските духовни вредности“.

Publishers Weekly  

„Апокалиптичен опис на светот на филмот и модата, во кој раскошот и амбициозноста ја парализираат секоја можност за автентични вредности. “

L’Hebdo

Повеќе информации за книгата ќе најдете на сајтот на Издавачкиот центар ТРИ, www.kniga.com.mk.


Добитници на книгата Исток, Запад се:

– Марија Макриевска
– Владимир Анчевски
– Лепа Трпевска

- Реклама -